Волфсбург го назначи довчерашниот тренер на Вердер

211

Екипата на Волфсбург го смени Марк ван Бомел и тоа по само пет месеци работа, а денеска го потврди неговиот наследник. Се работи за Флоријан Кофелд кој потпиша договор до 2023 година. 39-годишниот Кофелд е екс-тренер на Вердер Бремен.

Волфсбург ги доби првите четири меча сезонава во Бундеслигата, но на следните пет освои само еден бод. Инаку Кофелд доби отказ од Вердер во мај, непосредно пред клубот од Бремен да испадне од елитната германска лига.

Дебито новиот тренер на Волфсбург ќе го има во сабота на гостувањето кај Баер Леверкузен. Идната недела „волците“ ќе играат со Салцбург во ЛШ.

ПретходноБабиќ: Горд сум на моите момци, покажавме карактер!
СледноЧурлинов заменет по само 20 минути – направи кикс, Шалке прими гол и испадна од Купот