Ако вечерва постигне гол: Левандовски може да собори уште еден феноменален рекорд!

124

Полскиот голгетер Роберт Левандовски е на чекор и трета година едноподруго да ја освои титулата за најдобар стрелец на годината. Фудбалерот на Баерн (М) веќе беше најдобар голгетер за 2019 и 2020 година (54 и 47 гола, соодветно), а годинава е на пат и третпат да биде на врвот.

Трипати по ред, најдобар стрелец на годината досега беше само Кристијано Роналдо, кој тоа го направи во 2013, 2014 и 2015 година кога го носеше дресот на Реал Мадрид. До крајот на декември Роберт Левандовски може да одигра најмногу уште 14 натпревари, а доколку успее да на надмине бројката од 60 гола во една календарска година, ќе се најде во ѕвезденото друштво на Меси и Роналдо. Меси постигна 91 гол во 2012 година, а Роналдо 69 во 2013 година.

Досега оваа 2021 година, Левандовски има 54 гола на 56 настапи во сите натпреварувања, што е идентично на неговото најдобро остварување од 2019 година. Ако вечерва во Куп-натпреварот против Борусија (М) успее да постигне макар еден гол, Лева веќе ќе го направи својот личен рекорд и ќе зачекори кон остварувањата на Меси и Роналдо.

ПретходноСуарез почна преговори за продолжување на договорот со Атлетико (М)
СледноПознат составот на Вардар за вечерашната мега – пресметка, Кил без Сагосен!