Тимот на Ливерпул во моментов е во фантастична форма, и овој тим засега нема загубено ниту еден натпревар, во последните четири меча постигна 15 гола.
Денеска од 16:00 часот на програмата е дуелот против Брајтон на домашен терен, а како најава за истиот на вчерашната прес конференција јавноста го запраша менаџерот Јирген Клоп, околу евентуалниот состав и дали планира да одмори некого од најдобрите играчи.
„Тоа би било злочин доколку го направам.Брајтон е пресериозна, и преквалитетна екипа, за да си го дозволиме тоа. Греем Потер одработува фантастична работа во овој клуб и таму е многу тешко да се гостува. Мене лично ми е навистина тешко да одлучам кој да игра кој не, затоа што едноставно сите заслужуваат да играат, и сите сакаат да играат. Не е лесно да ги направиш сите играчи среќни, но тоа е професионалниот фудбал. Нивна задача е што повеќе да се трудат на тренинзите затоа што само таму се заслужува место во тимот. Сакам да се среќни, но во исто време и да се лути што не играат“ – изјави Клоп.