Кузмановски: Со системот на Лазаров, Македонија ќе изгледа многу подобро!

628

Филип Кузмановски е дел од онаа генерација која во иднина по пензионирањето на искусните ракометари ќе мора да превземе голем товар на грбот и да го води тимот низ големите натпреварувања.

Фитиљ очекува системот на Кирил Лазаров да донесе големи промени во играта на Македонија, верува дека ќе бидат многу подобри од претходно.

„Мораме да знаеме дека поискусните играчи ќе ја завршат кариерата, некои тоа ќе го сторат по завршување на оваа сезона. Имаме млади играчи со добар квалитет, тоа го покажуваат на терен.

Египет е идеален противник, во последните три гоини никој не напредувал толку брзо. Со Лазаров ќе имаме промени и во напад и во одбрана, тој работел со врвни тренери. Против Египет ќе пробаме дел од тие новитети, но сигурно нема да откриеме се. Знам дека ќе биде подобро од претходно.

Можеби треба да го следиме примерот на Египет, иако мислам дека ќе биде подобар нашиот систем со Лазаров“, верува Кузмановски. 

Македонија во рамките на ЕХФ недела двапати ќе се сретне со Египет, на 4. и на 6. номеври.

ПретходноНово реми на Џенова, за Пандев едно полувреме, а Влаховиќ реализира хет-трик
СледноНов голем успех: Осма европска титулата за Дејан Недев на ЕШ во Белград!