Зарем треба да се објаснува или образложува зошто Матеј Цветаноски е играчот на 12.коло во ПМФЛ. Два гола со Брегалница, одигра одлично, асистенција, и влезе во шанса за најмалку уште два гола.
Оваа есен Матеј Цветаноски едноставно блеска во дресот на лидерот. Покрај него, во тимот на 12.коло од Шкупи се и феноменалниот голман Наумовски, потоа стоперот Руватубаје, десниот офанзивен бек Брдаровски и фантастичниот играч за врска Алварез. И да го ставевме целиот тим на Шкупи немаше
да погрешиме.
Македониjа ЃП конечно победи, и тоа во Битола, стрелци на двата гола беа Емини и Алексовски. Тодоровски му донесе големи три бода на Работнички, Тиквеш одигра 1:1 кај Шкендија, Мирковиќ го даде тој еден гол за кавадарчани а Наумчевски одигра одлично во дефанзивата. Се разбира и Коста Манев и тоа како помогна во
ремито на “пандевци“ во Струга.
ИГРАЧ НА КОЛО
МАТЕЈ ЦВЕТАНОСКИ
Тим: Шкупи
Роден: 18.08.1997 во Скопје
Кариера: Македонија ЃП, Пелистер, Вардар, Шкупи