Атлетико со убедлив триумф, стрелец и Жоао Феликс!

109

Атлетико Мадрид попладнево на „Ванда Метрополитано“ во Мадрид, во меч од 12.коло убедливо, со 3:0 успеа да го победи Бетис и со тоа да ја прекине серијата на не така добри резултати во последно време. Интересно е тоа што и Жоао Феликс, портигалската ѕвезда на “јорганџиите“ по вели 8-9 месеци успеа да се запише во листата на стрелците, иако тој не беше стартер, влезе во игра место Луис Суарез во 71.минута.

Серија голови ја отвори Јаник Караско во 26.минута, потоа Пецела во 63.минута си даде автогол за водство на четата на Диего Симеоне од 2:0. И во 80.минута, по само девет минути минати на теренот, стрелаше и Феликс за конечни 3:0. Со оваа победа Атлетико Мадрид сега е на 4.место со само два бода помалку од лидерот Реал Мадрид, кој е на делба на првото место и со Сосиедад и Севилја.

ПретходноМиркуловски го победи Пешевски во македонското дерби во Бундеслигата!
СледноТИМ НА 12.КОЛО: Цветаноски блеска во дресот на Шкупи…