Откако неколкумина тренери од највисока класа го “откачијa“, Мохамед бин Салман, пребогатиот шеик и престолонаследник на тронот во С. Арабија, се сврте дефинитивно кон трофејниот шпански тренер Унаи Емери. Имено како што донеска информираат медиумите во Англија и Шпанија, актуелниот стратег на Виљареал, би можел да седне на клупата на Њукасл.
Инаку Премиер – лигата не му е непозната на Емери. Имено тој има работено како стратег на Арсенал, но без некој посебен успех. Шпанецот беше тренер и во ПСЖ, а има работено и во Спартак Москва, Севилја, Валенсија…