Болоња слави триумф над последниот Каљари (видео)

79

Болоња предводена од Синиша Михајловиќ славеше победа од 2:0 над последнопласираниот на табелата во Серија А, Каљари во последниот меч од 11 коло во Серија А. Резултатот го отвори Де Силвестри во 50. минута, а победата ја запечати Арнаутовиќ во шестата минута од судиското продолжение на мечот.

За Болоња ова е четврта победа сезонава, а прва по двата порази по ред, од Милан и од Наполи. Каљари на Валтер Мацари е последен со само една победа на 11 меча. Единствената победа екипата од Сардинија ја запиша против Сампдорија.

Скорот им е еден триумф, три ремија и седум порази.

ПретходноСега Унаи Емери е прв “пик“ на Бин Салман!
СледноБарди и Леванте посрамотени од Гранада