И дефинитивно Серхио Кун Агуеро ќе го нема подолго време на фудбалските терени. Барселона е во очај, а Аргентинецот поради срцевите проблеми ќе мора на подолга пауза. Од сите страни доаѓаат пораки со поддршка за Агуеро кој има срцева аритмија.
Сепак за одбележување е онаа на некогашниот соиграч од Манчестер Сити, Един Џеко, кој сега игра за Интер, инаку најдобриот фудбалер на БиХ.
Џеко на својот ФБ профил постави заедничка слика со Агуеро, а притоа напиша:
“Остани силен Кун!“