Клубовите го „сменија“ Бартомеу, Евролигата добива нов директор

281

Жорди Бартомеу по завршувањето на тековната сезона ќе ја напушти функцијата извршен директор на Евролигата, а денеска одлучија акционерите на најдоброто кошаркарско натпреварување преку гласање.

На денешниот составнок единаесетте клуба кои се сопственици на ова натпреварување, донесоа одлука за заминување на Бартомеу од челната позиција. Шест клуба гласаа за негова смена, а пет за останување на функцијата.

Против Бартомеу гласаа Макаби, Олимпија Милано, Ефес, ЦСКА, Жалгирис и Олимпијакос. Оние кои останаа на страната на Бартомеу беа Барселона, Реал и Басконија, а нив им се приклучија Ефес и Фенербахче.

ПретходноСимеоне му одговори на Клоп: Не сакам лажни поздрави, сакам искрени чувства
СледноВлахо: Тимот покажа карактер, замените донесоа свежина за триумф во Велес