Играчот од средниот ред на Струга Трим Лум, Бесмир Бојку очекува интересен и возбудлив натпревар од Купот против Шкендија. Бојку е поранешен фудбалер на Шкендија. А Струга го доби тетовскиот клуб за ривал во четвртфиналето од Купот.
„Ќе се соочиме со еден од најдобрите тимови во лигата, на нивен терен, пред нивните навивачи, но секако дека ја гледаме нашата шанса во тоа што се игра само еден натпревар, само 90 минути, па се може да се случи. Многу сме мотивирани, бидејќи ќе се соочиме со тим како Шкендија, кој има историја и квалитет“, изјави Бојку.