Миркуловски: Долго време не сме имале вака добри млади ракометари!

1554

Македонската ракометна репрезентација во комплетен состав ги одработува подготовките за пријателските средби против Египет во рамките на ЕХФ неделата. Во стројот се приклучија Никола Митревски, Жарко Пешевски и Филип Миркуловски, а во стручниот штаб Аце Јоновски.

Токму тестот со Египет ќе биде добредојден пред стартот на вистинското, главната подготовка за континенталното натпреварување. Полека се гради играта, нашите момци веќе се со мислите кон Словенија, првиот противник во Дебрецин.

 „Почнуваме нов циклус, подоготовки за ЕП 2022. Имаме за противник неевропска репрезентација, многу силен противник. Ќе ни помогне доста во оваа ЕХФ недела. Има сигурно квалитет како Словенија и повеќе, имаме нови момци во екипата, ќе биде убава можност да видиме до каде сме. Веќе размислуваме за Словенија, се подготвуваме за нив, индивидуално. Но, има многу време, можат многу работи да се променат за два месеца. Фаќаме темпо, мораме да се подготвиме добро за тој натпревар што може да биде и клучен“, ни изјави Миркуловски на денешниот тренинг. 

Искусниот репрезентативец имаше пофални зборови за младите ракометари, според него ракометна Македонија има голема перспектива.

„Долго време не сме имале вака добри млади ракометари. Се работи за играчи 2000, 2002… има тука многу перспектива. Јас лично долго време немам видено да излезат вакви играчи. Сепак, многу рано да се очекува што било од нив. Но, убаво е да ја почувствуваат ‘таа’ атмосфера, да им покажеме ние постарите што треба да прават и на терен и надвор од теренот. Ќе биде ова едно големо искуство за нив“, додаде Миркуловски.

Македонија во четврток попладне заминува за Каиро, во петок и сабота ќе ги одигра дуелите со Египет.

ПретходноБојку: Можеме да ја изненадиме Шкендија на нивен терен
СледноГвардиола: Поважен ми е мечот со Бриж отколку градското дерби со Јунајтед