Левандовски го урна рекордот на Меси и Роналдо во ЛШ!

559

Напаѓачот на Баерн (М), Роберт Левандовски синоќа со новите три гола на мечот со Бенфика, успеа да стигне до бројката од 80 постигнати голови на средбите од најсилното европско натпреварување, Лигата на шампионите.

Полскиот напаѓач ги надмина постигнувањата на напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Кристијано Роналдо и напаѓачот на ПСЖ, Лионел Меси, откако најбрзо од сите успеа во Лигата на шампионите да постигне 80 гола. За ова на Полјакот му беа потребни 100 натпревари. Меси оваа граница ја достигна на 102 натпревари, додека на Роналдо му беа потребни 116 натпревари.

„Не знам дали вечерта може да се нарече идеална. Сепак, не успеав да реализирам пенал. Но, јас не сум загрижен за тоа. Само избрав погрешно решение. Ја почувствував енергијата на 100. натпревар во Лигата на шампионите. Никогаш не мислев дека ќе одиграм толку многу натпревари на овој турнир и ќе постигнам толку многу голови и асистенции. Ова е нешто посебно“, изјави Левандовски по мечот.

ПретходноМајами му нанесе прв домашен пораз на Далас, Леброн и Лејкерс фаќаат залет (ВИДЕО)
СледноНа Платини и Блатер им се заканува затвор до 5 години, ќе им се суди за измама