Поранешните претседатели на УЕФА и ФИФА, Мишел Платини и Сеп Блатер се обвинети за измама и наскоро ќе им се суди во Швајцарија.
И на двајцата ќе им се суди за измама во која Блатер му платил на Платини цели 2 милиони швајцарски франци (1,89 милиони евра) од сметка на ФИФА во 2011 година.
Блатер и Платини во 2015 година добија трајна забрана за работа во фудбалот. По повод обвинението, двајцата функционери тврдат дека „се било според законот“.
Блатер тврди дека му плаќал на Платини за консултантски услуги од 1998 до 2002 година и дека договорот бил вербален направен „пред повеќе од 20 години“.
Доколку бидат прогласени за виновни пред судот во Белинцона, двајцата би можеле да се соочат со затворска казна и до пет години.