МЗТ е „друга планета“ за Работнички

521

Ако некој и имаше некакви дилеми дали тимот на МЗТ Скопје Аеродром во моментов е најдоброто во нашата кошарка по денешното вечно дерби против тимот на Работнички ги нема повеќе. Затоа што тимот од Аеродром ја доби првата овосезонска „вечна“ пресметка со конечни 87:66 против ривалот кој во моментов е ништо повеќе од спаринг партнер за разигрување на МЗТ Скопје Аеродром за нивниот вистински предизвик АБА 2 лигата.

Без никакво потценување на тимот на Работнички, ама кога еден тим во текот на речиси сите четириесет минути губи најпрво со десет, па со дваесет, па со триесет и повеќе разлика јасна е приказната од овој меч и на оној кој истиот не го следеше.

А такви беа реално малку, барем во салата Јане Сандански. Некогаш мечот кој се чекаше со месеци, и од навивачки, и од спортски аспект се претвори во моментов во само статистичка бројка на уште едно дерби во низа и ништо повеќе. Далеку е Работнички во моментов од МЗТ Скопје, а тоа им е јасно на сите од кошаркарски стручњаци преку обичните фанови на двата тима.

Уште од самиот старт на мечот беше јасно дека домашните ќе доминираат, па откако МЗТ Скопје Аеродром го доби вториот дел од мечот со 27:11, а прото полувреме со 52:28 катастрофата на гостите беше на повидок.

Ниту второто полувреме не беше ништо поразлично, затоа што кога и да Работнички поврзеше четири до шест поени во низа, домашните одеа на тајм-аут и се врќаа уште посилни на терен.

Бојан Крстевски со 18 поени најјефикасен кај домашните, следуваат Робев со два помалку односно Милошевиќ со 14. Кај Работнички Пол стигна до 14 коша.

 

 

 

ПретходноПорака од Аеродром: Перо Кантиќ (видео)
СледноЛШ: Милан пак не победи, Бензема му носи победа на Реал (видео)