И на новата средба меѓу ТФТ и Работнички имаше драма, која пак на крајот одново им припадна на „црвено-белите“, славеа со 80-86 во втората четвртфинална пресметка. Во полуфиналето тимот од „Градски парк“ ќе игра против Еуро Никел.
Избраниците на Димитар Мираковски овој меч можеа да го решат едноставно, но во последната четвртина му дозволија на дебитантот со серија од 11-0 да поведе по вторпат на оваа средба (64-63). Питс со четири поени во низа го прекина налетот на противникот за 64-67, а потоа неговиот тим успеа да го задржи ритамот и да дојде до победа за место во полуфинале.
Претходно, Работнички доминираше, уште во првата четвртина имаше двоцифрени (11-25), а потоа и со 19-36. По 33-42 на одморот, најтрофејниот по вторпат поведе со плус 17 (39-56). Токму ваквата игра најавуваше лесна завршница, но ТФТ најде сили и приреди драма во последните десет минути.
По серијата на ТФТ од 11-0 за второ водство на мечот (64-63), Работнички се исправи, на две минути пред крајот го врати двоцифреното водство (73-83), кое се покажа како доволно за втора победа.
Пист беше нерешлива енигма, зад своето име запиша 29 поени и 6 скока, Младеновиќ имаше 13 поени, додека по 12 запишаа Караџовски и Младеновски. Смит имаше дабл-дабл од 17 поени и 19 скока кај ТФТ, каде еден поен помалку реализираше Николов.