За разлика од првата четвртфинална средба во Скопје, Куманово и МЗТ одиграа поинаков меч, кој се решаваше во последните секунди. Домашните кошаркарки максимално ја искорстија предноста на свој терен, славеа со 99-95 и изедначија на 1-1 во пресметките со скопскиот состав.
Патникот во полуфиналето ќе биде решен во недела во СЦ „Јане Сандански“.
Водството постојано се менуваше, првото полувреме му припадна на кумановскиот тим, водеше со 52-46. Третиот период минимално го доби МЗТ Скопје (23-25) за драма во решавачките последни десет минути на оваа средба.
Финишот мина во знакот на Куманово, кој славеше со минимални 99-95.
Ливингстон со 24 поени и 9 скока го предводеше Куманово, Андрејевиќ и Џекиќ со по 17 поени беа второ стрелци. Во редовите на МЗТ Скопје, Дамјан Стојановски постигна 24 поени.