„Франс Фудбал“ после пауза од година дена ќе ја додели наградата „Златна топка“.
„Франс Фудбал“ после пауза од година дена ќе ја додели наградата „Златна топка“.
Во тесна конкуренција меѓу Роберт Левандовски и Карим Бензема, наградата ќе ја добие Лионел Меси. Аргентинецот веќе и го дал победничкото интервју што е пракса на секој освојувач на важно признание за секој фудбалер.
Лео минатата сезона ја освои Копа Америка, беше најдобар стрелец на шпанската Ла Лига со 30 голови. Тој е рекордер по бројот на освени награди, ако навистина го добие признанието, за него ќе биде вкупно седмо.