Македонската гордост, Дејан Георгиевски, кој на Олимписките игри во Токио го освои сребрениот медал во таеквондо, одлучи овој момент да го исцрта на своето тело.
Тој направи интересна тетоважа, на која го има македонското знаме, медалот и олимписките кругови.
Иако Дејан освои сребро, сепак тој за Македонија е златното момче, кое лавовски се бореше на Олимпијадата.