Натпреварот помеѓу Украина и Италија за глуви беше два пати прекинуван поради неочекувани гости. Натпреварот се играл во близина на украинскиот град Полтава, а мечот во 41. минута бил прекинат. Две кучиња влетале на теренот и ги оневозможиле фудбалерите нормално да играат.
Откако биле избркани, мечот продолжил. Во второто полувреме повторно прекин… сега наишла „потешка артилерија“. Коњ влегол на теренот, а него било тешко да го избркаат. Тој се шетал на теренот, па отишол кај играчите на резервната клупа. По неколку минути неканетиот гостин, сепак, го напуштил теренот и отишол на паркингот до стадионот.
🇺🇦 Wczoraj na meczu kwalifikacyjnym do Deflimpiady (olimpiada dla niesłyszących) między Ukrainą a Włochami w Nizinyh Mlinah (koło Połtawy) pojawili się ciekawi goście:
W 41 minucie- psy
W 59- koń 🙂 pic.twitter.com/gswvameukf— BuckarooBanzai (@Buckarobanza) September 20, 2021