Атлетико сака да го задржи Симеоне до 2024 година

148

Атлетико Мадрид е во преговори со Диего Симеоне за продолжување на договорот, пренесуваат шпанските медиуми. Се зборува за договор на нови три години, поточно до 2024 година. Не зависно дали Атлетико ќе ја освои Ла Лига или не, клубот од „Метрополитано“ верува во својот тренер и сака да го задржи уште долго.

Во последното коло Атлетико ќе игра против Виљареал и тука ќе се одлучи шампионот. Ако победи Атлетико ќе биде шампион за првпат по 2013/14. Во случај на реми или пораз, Реал со победа на својот меч ќе го грабне трофејот.

ПретходноАгуеро е нов играч на Барса, договорoт е до јуни 2023 година
СледноЃорѓиев: Беше потешко од очекувањта, но целта е јасна – три победи