Тимот на Манчестер Сити на вчерашното градско дерби против тимот на Јунајтед на најдобар можен начин покажа која екипа во моментов е во подобра форма, и која има повеќе капацитет да се носи со притисокот наречен успех сезонава во Премиер лигата. Сити триумфираше со 0:2, во супериорна игра во која тотално доминираше на туѓ терен против сериозен ривал.
„Овде на „Олд Трафорд“ секогаш сме настапувале добро, генерално откако сум дел од Сити. Победивме многу пати, повеќе од кој било друг стадион. Солидна претстава, добар натпревар и заслужена победа. Уште три бода за нас сезонава. Дали требаше да постигнеме повеќе голови? Во ред сум со овој резултат. Многу барам, но задоволен сум. Сакавме да одиграме таков натпревар. Манчестер Јунајтед може да биде многу опасен. Затоа одигравме натпревар во кој моравме многу да ја контролираме топката. Остануваат уште 27 натпревари. Загубивме бодови доста бодови дома. Во моментов Челзи е незапирлив. Знаеме дека не можеме да си дозволиме да изгубиме повеќе бодови ако сакаме да останеме блиску до нив. Сепак, ние играме добро против најдобрите шест екипи“, изјави Гвардиола.