Астон Вила денеска и официјално објави дека го отпушти тренерот Дин Смит.
Смит го презеде тимот во октомври 2018 година и го врати во Премиер лигата. Тој исто така ја предводеше Вила до финалето на англискиот Лига Куп.
Сезонава Астон Вила по 11 кола освои само 10 бода и се наоѓа на 15. место во поредокот. Во петокот тимот загуби на гостувањето кај Саутемптон што беше пресудно за управата да му врачи отказ на Смит.
Thank you for the memories, Dean. pic.twitter.com/PfcSpncqHh
— Aston Villa (@AVFCOfficial) November 7, 2021