Возачот на Дукати, Франческо Бањаја славеше на денешната трка за Големата награда на Алгарве, претпоследна трка од сезоната во Мото ГП шампионатот. Трката беше прекината на два круга пред крајот и не продолжи, но победата за Бањаја (трета сезонава) му донесе титула на неговиот тим.
Возачот на Дукати водеше од стартот до моментот кога беше истакнато црвеното знаме. Прекинот настана поради инцидент во кој возачот на тимот Teh3, Икер Лекуон, со премногу агресивен маневар ги исфрлил од патеката Мигел Оливеира. Двајцата од несреќата излегоа без посериозни повреди.
Втор финишираше Жоан Мир на Сузуки, а на подиумот им се придружи уште еден возач на Дукати, Џек Милер. Ваквиот расплет на Дукати му ја донесе третата титула во конкуренција на конструктори.