Шевченко пристигна во Џенова, има две големи желби!

1583

Андриј Шевченко и официјално е нов тренер на Џенова, на тимот каде што веќе неколку сезони со голем успех настапува Горан Пандев.

Тој денеска пристигна во Џенова и ова за клубот значи старт на нова ера.

Со оглед на амбициите на новите газди на Џенова, затоа е и доведен легендарниот Украинец. Инаку тој не крие дека има две големи желби за претстојниот зимски преоден рок. Имено во „игра“ се Олександр Зинченко од Манчестер Сити, со кого Шева има веќе работено во репрезентацијата и Кристијан Пулишиќ од Челзи.

Е, сега, колку е ова реално останува да се види, сепак во Џенова сметаат дека можат да се доведат овие двајца квалитетни играчи со што тимот на Пандев и тоа како ќе биде осетно засилен.

ПретходноГотово е: Чави и официјално промовиран за нов тренер на Барселона!
СледноДаноски го “тресеше“ и Раднички среде Крагуевац!