Дански напаѓач откри: Не играм добро затоа што страдам од диjабет

363

Напаѓачот на Ница и данската репрезентација Каспер Долберг не е на нивото оваа сезона. Тој ги пропушти натпреварите против Марсеј и Анже, а ќе го нема ни на списокот на данскиот национален тим за квалификациите за СП 2022. Тој откри дека страда од дијабет тип 1, но исто така посочи дека со правилно лечење болеста нема да влијае врз неговата кариера.

Драги мои фанови, оваа недела ги добив резултатите од лекарските прегледи кои покажаа дека боледувам од диjабет тип 1. Тоа е изненадување за мене, но барем ја открив причината зошто не се чувствувам добро изминатите неколку недели. Исто така сум среќен што лекарите ми рекоа дека со правилно лекувсање, болеста нема да влијае врз фудбалската кариера. Тренирав цела недела и добро се чувствувам. За да се привикнам на лекувањето, заедно со селекторот на Данска Каспер Хјолманд решивме да не играм оваа седмица. Ви благодарам на поддршката и разбирањето“, напишал Долбер на социјалните мрежи.

ПретходноМурињо е полош од Фонсека, а се пожали на трансферите во Рома
СледноРепрезентативците му го честитаа роденденот на Цапар (видео)