Филипе Кутињо повторно се најде на мета на критичарите. Бразилскиот фудбалер неофицијално одбил да влезе на дуелот против Селта во ремито на Барса, која водеше со 3-0, на крајот мораше да се задоволи со бод.
Кутињо требало да влезе на местото на Ансу Фати, барем така тврдат шпанските медиуми.
„Бев изненаден кога видов дека пишуваат како сум одбил да влезам во игра, јас сум голем професионалец. Но, новинарите знаат да ги измешаат работите“, изјави Кутињо.
Во доаѓањето на Чави Хернандез гледа шанса за повеќе минути на теренот.
„Чави е легенда на клубот и неговиот кам-бек би можел да им помогне на Барса. Кога бев во Катар кај докторот за него слушав само најдобри работи. Се надевам дека ќе добијам шанса да одиграм 4-5 меча во низа и да го достигнам нивото кое го посакувам, и секако да и помогнам на екипата“, рече Бразилецот.