Голден Стејт продолжува со фантастичните игри во новата сезона. Во својот десетти натпревар во НБА-лигата, Вориорс го запишаа деветиот триумф (петти во низа), овој пат беа подобри од Атланта со 127-113.
Со овој скор Голден Стејт се издвои на врвот на табелата во Западната конференција има две победи повеќе од Јута и Далас.
Во центарот на вниманието се најде Стеф Кари. Мечот го заврши со дабл-дабл, но не било каков. Кари постигна 50 поени, речиси половина на својот тим, зад своето име додаде десет асистенции и 7 скока. Со оваа бројка запиша рекорд, како најстар играч, кој успеал да дојде до 50 поени.
Голден Стејт до победата дојде благодарение на добрата игра во третата четвртина, која ја доби со 41-20. Направи целосен пресврт и пред стартот на последниот период поведе со 102-85 за мирна завршница.