Никола Јокиќ доби суспензија од само еден натпревар поради инцидентот со Маркиф Морис во последниот настап за Денвер во НБА лигата. Маркиф Морис, кој направи намерен фаул врз Никола Јокиќ, по што Србинот со еден удар го фрли на земја, ќе добие само парична казна.
Србинот нема да може да игра само на следниот натпревар за својата екипа против Индијана кој е на програмата вечерва. Морис очекувано помина само со парична казна од 50.000 долари.
Jokic and Markieff Morris both got ejected after exchanging fouls during Nuggets-Heat.
Morris was hurt but walked off the floor under his own power. pic.twitter.com/ReXnjRTHzu
— Bleacher Report (@BleacherReport) November 9, 2021