Пелистер е убедливо совладан во првата македонска пресметка во АБА 2-лига оваа сезона, МЗТ Скопје беше подобар со 80-61. Битолчани беа подобар противник само една четвртина по која доминацијата му припадна на актуелниот македонски првак.
Избраниците на Марјан Илиевски ќе мора брзо да се соберат бидејќи во петок ги чека нова средба и тоа против Војводина.
Тренерот на битолчани беше краток во анализата по мечот, вистина шутот беше катастрофален.
„Отворивме добро, одеше се според планот до почетокот на втората четвртина. Го променивме пристапот во играта. Што би можел да кажам кога противникот погодуваше се, а ние не можевме да погодиме ниту слободни фрлања. МЗТ Скопје беше подобар во скокот во напад и во одбрана“, изјави Илиевски.
ФОТО: АБА 2/ЛИГА