Македонија одбројува до стартот на Европското првенство, прво во историјата. Нашите момци се вистински хит, иако на ова континентално натпреварување влегуваат како дебитанти.
Хрватски РТЛ деновиве ги претставува сите учесници, редот дојде на Македонија.
„На ова Европско првенство Македонците пред се ќе уживаат. За првпат ќе се најдат на едно вакво натпреварување, ќе биде голема штета што нема да настапат пред полни трибини и во одлична атмосфера која му дава посебен шмек на елитните стадиони во Европа. Но, и вака за нив ќе биде посебно доживување“, се вели во воведот на РТЛ.
Во преден план е Горан Пандев, капитенот на македонската репрезентација е главна ѕвезда. Како играч со најголем потенцијал според овој медиум е Елиф Елмас. Освен Пандев и Елмас, се очекува да излезат во преден план Барди, Адеми и Алиоски.
Македонија првиот меч на ЕУРО го игра на 13. јуни против Австрија во Букурешт, четири дена подоцна ќе ги одмери силите со Украина, додека последниот меч од групната фаза го игра против Холандија во Амстердам на 21. јуни.
Целиот текст можете да го прочитате на овој ЛИНК.