Познати се стартните единаесет со кои Македонија во Ереван ќе се обиде да дојде до трите бода протув домашната селекција на Ерменија. Селекторот Благоја Милевски не експериментираше премногу, шанса добиваат оние кои и досега играа, ако се знае дека барем тројца клучни играчи се во “аут“.
Па така формацијата е 4-4-2, а на голот е Димитриевски. Во одбраната се Костадинов, Велковски, Муслиу и Алиоски. Во маневарот тука се Чурлинов, Барди, Елмас и Ашковски, додека во нападот се Трајковски и М. Ристовски.
Како што ексклузивно најавивме, Енис Барди е капитенот на овој меч.










