Репрезентацијата на Македонија обезбеди одлична предност на гостувањето во Ереван против Ерменија во 9. коло од квалификациите за СП 2022. „Рисовите“ водат со 2:0. Првиот гол го одработи Стефан Ашковски кој издрибла тројца ерменски чувари, подаде до Трајковски на кого не му беше тешко да погоди.
Во 37. минута Енис Барди се најде на околу 17-тина метри од голот на Ерменците, шутна по земја и ја смести топката во мрежата на голманот на домашните.
Имаме убава предност, потребна е концентрација и да се сочува резултатот.
Трајковски погоди откако Ашковски одработи одлична акција (видео)
Македонија води со 2:0 во Ереван – Барди со шут од далечина ја тресе мрежата (видео)










