Монако со порака до Евертон: Го сакате Головин, дајте 40 милиони и земајте го

104

Англискиот премиерлигаш Евертон пројавил интерес за рускиот интернационалец Александар Головин кој игра во француски Монамко. Според руски „Спорт“ клубот од Ливерпул го забележал 25-годишнито плејмејкер на списокот на трансфери во јануари, меѓутоа зделката ќе оди тешко поради тоа што Монако има неверојатно барање.

Неофицијално, Монако за својот играч бара 40 милиони фунти што е превисока сума за „карамелите“. За Головин претходно се интересирал и Манчестер Јунајтед.

Головин му се приклучи на Монако летото во 2018 година од ЦСКА Москва и по завршувањето на СП 2018 каде играше клучна улога во селекцијата на Русија. Сезонава тој одигра 16 натпревари со ефект од три гола и исто толку асистенции.

Евертон смета дека таа сума е превисока, па ако не успее да ја намали ќе проба со други варијатни како Дони ван де Бек, Арон Ремзи и Џеси Лингард.

ПретходноФлик испиша рекорд, а Германија првпат победи 9:0 во светски квалификации
СледноДенеска осум меча во квалификациите – дербито е Италија-Швајцарија