Пред неколку дена на натпревар од најсилната кошаркарска лига на светот се степаа Никола Јовиќ и Маркиф Морис, а сега се спречкаа Руди Гобер и Мајлс Тарнер. Екипата на Индијана ја совлада Јута со 111:100, а во последната четвртина се случи немилиот настан. Гобер и Тарнер се најдоа во клинч. И едниот и другиот беа исклучени, а исклучени беа уште Џо Инглс и Донован Мичел поради контакт со судијата.