Хенес кон ПСЖ и Сити: Вашите е*ени пари се безвредни

404

Поранешниот претседател на Баерн, Ули Хенес повторно го сподели своето незадоволство од моделот на работа во Пари Сен Жермен и Манчестер Сити. Двата клуба располагаат со многу пари поради сопствениците од Блискиот Исток со чија помош ги носат најдобрите фудбалери на светот.

Не знам дали претседателот на ПСЖ Насер Ал-Хелаифи воошто го сака фудбалот“, почна екс-претседателот на Баерн во Подкаст гостување.

За разлика од него, јас работев за моите пари додека тој ги добиваше како подарок. Му ги даваат на готово и не мора да работи за нив. Кога сака да купи играч му се обраќа на својот емир за пари“, продолжи Хенес.

И ПСЖ и Сити потрошија стотици милиони, но се уште не ја освоиле Лигата на шампионите. И двата тима имаат пораз во финалињата, а Хенес посебно го радува тоа што во 2020 година Баерн ги победи Французите во дуелот за трофејот.

Двата клуба немаат освоено ништо. Ништо, апсолутно ништо! И ПСЖ ќе продолжи да губи од нас – не секогаш, но одвреме-навреме. Амбициозен сум да кажам дека „вашите е*ани пари се безвредни“, вели светскиот шампион од 1974 година.

Што гледаме во Париз? Таму ги планираат работите само за годината што претстои. Тоа не е мој начин., На работите гледам од економска гледна точка. Не сакам да ме тапкаат по рамо година-две, а потоа поплава да ме однесе. Кога носите одредени одлуки, мора да бидете убедени дека имате стабилност и безбедност уште три или четири години во спротивно се одеднаш ќе пропадне“, додаде Хенес.

ПретходноПелистер на поправен, МЗТ Скопје цели кон врвот
СледноФлик испиша рекорд, а Германија првпат победи 9:0 во светски квалификации