Актуелниот селектор на Франција, Дидие Дешамп ќе ја напушти функцијата по завршувањето на СП 2022. Според француските медиуми, тој не размислувал за продолжување на договорот.
Самиот Дешамп навести дека сака да му се врати на клупскиот фудбал, и тоа веројатно ќе се случи по СП следната година.
Според поранешниот француски репрезентативец Николас Анелка, овие сигнали се јасен знак за завршување на соработката на Дешапм со Француската федерација, а според него, Франција веќе го има договорено неговиот наследник – Зинедин Зидан.
„Мислам дека двете страни знаат каква е ситуацијата. Најверојатно Дешамп веќе го известил претседателот на Француската федерација дека нема да продолжи. Мислам дека тоа не го најавуваат во моментов за да не го дестабилизираат тимот. Дешамп е на кормилото на Франција десет години и заврши одлична работа. Се зборува дека Зидан ќе биде негов наследник“, прокоментирал Анелка.