Од синоќа и официјално: Кари е најдобар „тројкаш“ во историјата на НБА!

398

Стивен Кари е најдобриот шутер за три поени во историјата на најсилната кошаркарска лига во светот.

Ѕвездата на Голден Стејт Вориорс влезе во историјата на НБА лигата по извонредниот настап против Чикаго Булс и 40-те поени постигнати во 11-та сезонска победа на Вориорс. Она што Стеф го најави дека е една од неговите најголеми цели во неговата кариера, да го симине Реј Ален од врвот на листата на најдобри „тројкаши“, конечно му успеа.

Стеф веќе има 3359 тројки во НБА лигата, за кои му беа потребни само 886 натпревари. Реј Ален, кој досега беше лидер на вечната листа, до бројката од 3358 тројкидојде со одиграни 1471 натпревар.

ПретходноПоради Салах трипати беше прекинуван мечот меѓу Ангола и Египет
СледноОстанаа само околу 800 билети: Исланд го дочекуваме пред полн стадион!