Арнар Видарсон: Ќе се обидеме да ви ја расипеме забавата утре

476

Репрезентацијата на Исланд, нашиот финален противник во овие квалификации предмалку ја имаше својата официјална прес конференција пред утрешниот натпревар против Македонија на Арената Тодор Проески со почеток од 18:30 часот.

Нашиот национален тим има историска шанса да се квалификува во бараж дуелите, но за тоа потребна ни е победа и три бода на утрешниот меч против Исланд. Токму затоа гостите, кои патем немаат шанси за пласман понатаму велат дека само спортскиот дух, и мотивацијата утре ќе ги понесе да ни одземат бодови и да ни ја расипат забавата.

Драго ни е што сме тука во Макеоднија. Знаеме дека ова за вас е екстра важен меч за вас, и ние сме импресионирани како Македонија игра по Европското првенство. Ви посакуваме многу среќа, но ние ќе мора да одиграме на највисоко ниво утре и да ја саботираме вашата забава“ – изјави селекторот на Исланд Арнар Видарсон па продолжи.

„Сигурен сум дека тим од професионалци е мотивиран на секој меч. Не е воопшто прашање дали имаме шанси или не и тоа не соодетствува со нашата мотивација. Квалификациските мечеви се самите по себе важни и тоа нас ни е битно во моментов. Развиваме тим од млади и талентирани играчи и тоа нас ни е и повеќе од мотивирачки“ – рече кормиларот на Исланд.

Пријателско пиво ќе испијам со секого по мечот

По ремито со Романија на гости 0:0, во кој Исланд на тој ривал буквално му ги осакати шансите за пласман на второто место, Романците го замолија Викарсон да одигра исто така и во Скопје. Тој рече дека ќе го стори токму тоа, и дека потоа ќе побара во Романија да го честат пиво.

„По мечот секако дека ќе испијам пиво по мечот. Секогаш сум расположен за пиво по натпревар. Дали тоа ќе биде во Романија, или пак тука во Македонија и не е така важно. Со пријатели пивото секогаш е пријатно“ – дипломатски „се извади“ Викарсон.

Македонија има квалитет но и недостатоци

Не чека неизвесен меч исто како оној кој го игравме на домашен терен. Шансите се 50 – 50. Своевремено имавме голем успех, но сега создаваме нов тим, и за овие играчи е важно да имаат што повеќе репрезентативни мечеви во нозете. Македонија има многу квалитети, но и некои слабости, а ние ќе се обидеме да ги искористиме истите“ – поентираше Исландскиот стратег.

 

ПретходноАлисон: Целта на Ливерпул оваа сезона е да освои се
СледноСпортмедиа: Пиво може и пред мечот, само утре Македонија да победи