Гол – шоу во Париз: Мбапе и другарите го “наполнија“ Казахстан и го “заверија“ пласманот на СП! (ВИДЕО)

306

Каков Мбапе, е па страшен Мбапе. Лесно е кога во своите редови ги имаш Килијан Мбапе и Карим Бензема. Па така и “триколорите“, кои вечерва на „Паркот на Принцовите“ во Париз, во меч од групата Д, успеаја со 8:0 да го совладаат Казахстан и да се пласираат и официјално на СП во Катар 2022 година. Мбапе од 6. до 32.минута стрелаше трипати за 3:0, потоа на ред дојде Бензема со двата гола во 55. и 59.минута. Серијата ја продолжи Рабио во 75.минута, а поа и Гризман во 84.минута од пенал. Крај на серијата стави Мбапе, тој што и ја започна со својот четврти гол на овој меч во таа 87.минута.

Белгија со 3:1 ја победи Естонија, во меч од групата Е, па така и таа успеа да се пласира и официјално на СП во Катар 2022. Головите беа дело на Бентеке, Караско и Т, Азар.

Во истата група Велс ја победи Белорусија со 5:1.

Црна Гора на свој терен имаше 0:2 со Холандија, но со двата гола во финишот успеа да дојде до 2:2, па така им го расипа славјето на Холанѓаните, кои сега мораат во последното коло да бијат битка за Мудндијалот. Со овие 2:2 имаат 20 бодови на коло до крајот, а Турција и Норвешка по 18. Ќе биде супер – интересно.

ПретходноУште една желба на Чави: Тиаго Алкантара се враќа во Барса!?
СледноПријателски: Победа – Борец без голови, победи на Македонија ЃП и Брегалница