На Романците им остана да веруваат во билбордите

436

Македонската репрезентација денеска го игра историскиот меч против Исланд на Арената “Тодор Проески“ со почеток во 18:00 часот. Меч кој е последен во овие квалификации, и кој доколку го добиеме ќе ни донесе автоматски пласман на второто место во групата и пласман во бараж мечевите.

Тоа за нас ќе биде историски успех, и мора да го искористиме. „Коцките ни се поклопија“ барем засега, за разлика од оние на Романија, која самата си е крива што не е на наше место. Наместо да го победи Исланд на домашен терен, таа одигра 0:0, па сега „плаче“ на сите страни и бара помош вечерва од тој истиот тој Исланд да не победи нас. Ние имаме дваесетина илјади пубика зад нас, еуфорија, желба, мотивација, но пред се квалитетен тим и нема да дозволиме инзненадување, а на Романците им преостанува да се надеваат дека и оние три четири билборди поставени низ Скопје, (и тоа на погрешно место) ќе го мотивираат нашиот ривал вечерва да одигра и да ни одземе бодови.

Затоа утринава, романските медиуми ревносно ја пренесуваат информацијата дека низ нашиот главен град се поставени мотивациски пораки за селекторот на Исланд, кој вчера на официјалната прес конференција си доби подарок од нас, колку само да знае каде пристигнал и дека Македонија е гостопримлива земја, но далеку од тоа дека ќе им подариме нешто што дефинитивно е наше.

 

ПретходноИсторијат: “Рибарите“ дома двапати сме ги “мачкале“ без примен гол!
СледноБорец славеше со пресврт, струмичкото дерби за Наковски Волеј