Ристовски: Оваа победа е за сите, за целиот Македонски народ, овој дрес сите го носиме со гордост

1078

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, прв се појави на официјалната прес конференција по историскиот тирумф против Исланд вечерва со 3:1. Со опремата од мечот, но и со капитенската лента и се обрати на јавноста.

Благодарам за честитките, убаво е ова чувство. Чест ми е што е ве во моментов ви се обраќам. Колку и да пред мечот изгледавме релаксирани, сепак притисокот си го направи своето. Македонија не е навикната да игра вакви мечеви. Ние со ваквите мечеви едноставно „отвараме очи“ на фудбалски план. Квалитетот си го направи своето, имаме играчи кои се носители во своите клубови и заслужени се радуваме“ – изјави Стефан Ристовски и и порача на јавноста.

Во оваа репрезентација нема Албанец или Македонец, има дрес кој сите заслужено го носиме, и ќе го носиме. Ми се вратија мислите од Грузија, сиот тој притисок кој го чувствувавме и таму и сега. Македонскиот народ го мачат многу нешта, и сега ова доаѓа како еден момент кој овој народ се сплотува, Македонија и овој народ заслужува вакво нешто. Ние сме горди што успеавме во ова, затоа што многумина не веруваа во нас, не оспоруваа, не критикуваа и ова е порака до нив. Позитивна секако“ – рече Спировски.

Капитенската лента истата онаа на Горан Пандев против Холандија

Морам да споделам со јавноста една информација. Оваа капитенска лента која ја носев е онаа на Горан Пандев кој нашиот некогашен капитен ја носеше при неговиот последен меч за Македонија, против Холандија на Европското првенство“ – рече Ристовски.

Претходно„ГРМИ“ ВО СОБЛЕКУВАЛНАТА – „Земјо Македонска…“ (видео)
СледноАлиоски: Многу нешта се променија во минатите години, а ние растеме како тим и го заслуживме овој успех