Единственсиот Македонец во италијанската одбојкарска елита, Александар Љафтов, никако да победи. Неговата Равена денеска го претрпе и седмиот пораз во Серија А.
Равена загуби на гостувањето кај Вибо Валентиа со убедливи 3:0, а нашиот репрезентативец имаше скромен учинот со 4 реализирани поени. Во досегашниот дел од сезоната Равена освои само еден бод и останува на последното место на табелата.