И не можеше поинаку, освен да победиме, да се пласираме во баражот. Кога на терен имаш “рисови“ решени да го дадат максимумот, кога на клупата имаш селектор кој си ја знае работата, а на трибините еуфорични, како никогаш досега, фанови и тоа повеќе од 20.000 зарем треба да се каже дека сме го победиле Исланд и тоа со 3:1.
Македонија одново е во фудбалска еуфорија. Македонија е на два чекори до Мундијалот. Македонија покажа дека знае, дека може.
Радувај се Македонијо, со право.
Биди среќна што имаш фудбалски ВЕЛЕМАЈСТОРИ…
ФУДБАЛЕРЧИШТА…Кои одново испишаа ИСТОРИЈА.
ВИ БЛАГОДАРИМЕ момци на сите радости кои ни ги приредувате и со кои не правите горди.