ВЕЛИЧЕНСТВЕНО: Арената блескаше со македонските знамиња…

789

Вчера во Македонија беше празник на фудбалот. За мечот со Исланд се бараше билет повеќе. Околу 20.000 фанови на нашата репрезентација направија спектакл, такво навивање ретко имало на Арената “Тодор Проески“, и кога е така тогаш и нашите фудбалери даваат и 200% од себе и своите можности.

Атмосферата беше за паметење, невидена еуфорија по триумфот од 3:1, по пласманот во баражот за пласман на СП во Катар 2022.

Беше вистинско уживање да си МАКЕДОНЕЦ, посебно кога ќе се види фотографијата како Арената блеска со македонските знамиња.

ВЕЛИЧЕНСТВЕНО…

ПретходноИсториски квалификации: Најдобар пласман, најмногу победи, најмногу голови и бараж за СП!
СледноЕлмас, Барди и Алекс први “бомбардери“ на Македонија…