Роналдо: Нема извинување, Португалија мора да игра на СП

217

Кристијано Роналдо е разочаран по неуспехот против Србија синоќа. Поразот означи дека Португалија ќе оди во баражот, додека Србија патува директно на СП 2022. А на Португалците им требаше само бод од мечот со Србија, но примија гол во финишот и изгубија.

Фудбалот постојано ни покажува дека понекогаш и најветровитиот пат води до најпосакуваното место. Вчерашниот пораз е тежок, но не доволен да не скрши. Целта да се биде на СП идната година се уште е на дневен ред и знаеме дека мора да стигнеме до таму. Нема извинување! Португалија мора да игра на Мундијалот во Катар. Ќе дадеме се од себе да го оствариме тоа“, изјави Роналдо.

ПретходноВо Холандија одново ги затворија стадионите, селекторот лут на одлуката
СледноЏенова доби нов сопственик и нов претседател