Осмото коло ја помести прозивката на Бајиќ

171

Македонската кошаркарска репрезентација за првпат во својата историја ќе игра во едни квалификации за место на Светско првенство. Прв на патот кон овој предизвик е силниот состав на Шпанија, кој на 26. овој месец гостува во Скопје во рамките на првиот квалификациски меч.

Селекторот Драган Бајиќ собирот го закажа за 20. ноември, но поради осмото коло во Првата лига, истиот е презакажан за ден подоцна, поточно во недела.

За првиот „прозорец“ од овие квалификации, Бајиќ повика 18 кошаркари. На списокот се најде Ненад Димитријевиќ, но тој нема да настапи поради повреда. Во составот ќе го немаме ниту Војдан Стојановски, кој и натаму се рехабилитира од операцијата на коленото.

Во номеврските битки, Македонија ќе се сретне со Украина, дуелот се игра на гостински терен во Киев, на 29. ноември.

ПретходноКанатларовски: Едно е да се надеваме, друга е реалната состојба
СледноБабиќ: Горд сум на момците, задоволство беше да се игра во Грција