Е.Пелистер ја освои Атина за прва радост во Европската лига

158

Е.Пелистер ја запиша првата победа во Европската лига. Битолчани ја освоија Атина, одиграа одличен натпревар против АЕК, го совлада со 27-30 (13-16) во рамките на 3. коло во ова натпреварување.

Избраниците на Жељко Бабиќ на дело го спроведоа она што го најавија пред заминувањето, одиграа цврст натпревар, во кој доминираа од првата до последната минута против тимот кој до ова коло немаше пораз.

Ракометарите на македонскиот вицепрвак дуелот го отворија со 1-4, најголемата предност во овој дел беше пет гола (4-9, 5-10 и 6-11). Токму по поголемото водство, грчкиот состав на крајот дојде на минус еден (11-12), но битолчани брзо се издинаа на полувремето заминаа со 13-16.

Противникот не успеа да најде решение за битолската фурија, која на средината на вториот дел поведе и со плус шест (19-25). АЕК се обидуваше да го смени ритамот на македонскиот вицепрвак, но го имаше и расположениот Секељи, кој запиша важни одбрани. Во самиот финиш, АЕК ја искористи опуштеноста на Е.Пелистер па успеа да дојде на минус три (27-30), но немаше време за пресврт.

Периќ со осум гола од 12 обиди е прв стрелец, Табоада запиша шест од девет обиди, додека Секељи фати осум топки.

ПретходноМЗТ Скопје без милост против дебитантот
СледноФранција на рутина на Арената (ФОТО+ВИДЕО)