Канатларовски: Едно е да се надеваме, друга е реалната состојба

197

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 21. година по завршувањето на мечот против Франција кој го загубивме со 0:1, на прес конференцијата истакна дека ова е реален исход на овој натпревар, дека реално Франција е силна сеекција и дека заслужено денеска славеше на Арената.

Оваа Франција е најдобрата во наша група. Има фонд на фудбалери кои поседуваат огромен потенцијал и квалитет. Сите играат редовно во светски клубови, а ние реално за жал мака мачиме и во нашите клубови овие играчи да имаат минутажа. Ние примивме гол по наша грешка. Доколку не погрешевме можеби ќе имавме шанса за уште контра напад или две но тоа е тоа. 
Франција на последните неколку меча не прими гол. Ниту против Србија, ниту против Украина. Едно е ние да се надеваме друга е реалната сосројба и можеме само да честитаме“ – изјави Канатларовски па додаде.

Залагање и мотив да, но потребно е и нешто друго

Како селектор би бил задоволен со пласман, но во моментов тоа е една сосема поинаква ситуација од оваа реалната. Ова е генерација во создавање, а ние против нас имаме една Украина да одиграме 0:0, селекција на играчи кои беа светски прваци. Ние ќе играме максимално до крај, но мора и да се мисли и на иднината на следниот циклус.

Играчите се поголем број генерација 2000 односно 2001 година, но полека селектираме од 2002 година. Имаме уште четири мечеви, ќе играме до крај, јас можам само да честитам на залагањето и на желбата, но реално постојат и некои други нешта“ – изјави Канатларовски.

 

ПретходноФранција на рутина на Арената (ФОТО+ВИДЕО)
СледноОсмото коло ја помести прозивката на Бајиќ