Ете затоа е еден од најдобрите или најдобар “тројкаш“ на сите времиња во НБА. Стеф Кари, бекот на Голден Стејт просто ги „уништи“ Бруклин Нетс доведувајќи го својот тим до убедлива победа среде Њујорк. Кари реализираше 37 поени, погоди 9 тројки од 14 обиди. Крајниот резултат беше 117:99 за гостите.
Интересно беше што на моменти и домашната публика кога Кари ја имаше топката во своите раце му викаше да шутира кон кошот на „Нетси“.
На спротивната страна Харден и Дурент едноставно не знаеја што да прават, па мораа да се помират со поразот.
Јута успеа да ја “смачка“ Филаделфија со 120:85 и да покаже дека сепак има добар тим.
Додека ЛА Клиперс со 106:92 славеше над Сан Антонио. Блескаше Пол Џорџ со 34 поени.